Што е политика за колачиња?
Кога ќе пристапите на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Bellina и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во Bellina (КС ГРОУП ДОО, Скопје) на нашата веб страна и други онлајн и мобилни апликации.
Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.
Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите, како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците.
Како да ги контролирам колачињата?
Кога прв пат ќе ја пристапите било која страна на Bellina.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот, вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите.
Корисни линкови за подесување на колачињата:
Дали добивам колачиња преку е-маил?
Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.
Пиксел за следење (Web Beacon)
Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.
Генерални информации
Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на Bellina која што објаснува што Bellina прави со собраните информации од нашите корисници. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги полтиките за информираност при евентуални промени.